Внимавајте: Еден куп измами на Интернет, „Booking“ советиува што да се прави

Гигантот „Booking“ предупредува дека вештачката интелигенција (AI) предизвикува „експлозија“ на измами. Шефот за безбедност на интернет, Марни Вилкинг, рече дека има „зголемување од 500 до 900 отсто“ на измамите во изминатите 18 месеци. Особено значително зголемување има т.н фишинг, каде луѓето се измамени да ги предадат нивните финансиски детали – бидејќи генеративните алатки за вештачка интелигенција како што е ChatGPT се појавија на пазарот.

Се разбира, имаме фишинг отсекогаш, но зголемувањето започна веднаш по лансирањето на ChatGPT, рече таа, додавајќи дека напаѓачите сега користат вештачка интелигенција за да имитираат е-пошта многу подобро.

Вилкинг ги повикува хотелите и патниците да користат автентикација со два фактори, како што е внесување на код испратен до вашиот телефон, нарекувајќи го „најдобар начин за борба против фишинг и кражба на ингеренциите, пишува Би-Би-Си.
Таа исто така ги повика луѓето да бидат повнимателни од порано кога кликнуваат на линкови. Иако информациите се загрижувачки, Вилкинг објаснува дека Booking сепак успева брзо да ги „задуши“ лажните сметки кои нудат сместување.

Поставивме модели со вештачка интелигенција за да ги откриеме и отстраниме пред да има какви било резервации – вели таа.