Внимавајте: Ова се намирниците кои најчесто предизвикуваат труење

Ако вашите први асоцијации со труење со храна се храна како месо, јајца и млечни производи, ќе бидете изненадени од ова истражување. Новата студија на Consumer Reports откри на која храна треба да бидете повнимателни.

Поточно, Consumer Reports следеше отповикување и појава на широко консумирана храна помеѓу 2017 и 2022 година, фокусирајќи се на таканаречената бактериска контаминација.

Така, тие откриле дека лиснатиот зеленчук е одговорен за најголем број смртни случаи. Според нивните согледувања, во периодот од 2017 до 2022 година, лиснатиот зеленчук предизвикал 614 болести. Најверојатната причина за повлекување на лиснатиот зеленчук е контаминацијата со ешерихија коли и листерија.

Тие потврдија дека водата што се користи за наводнување на нивите е загадена со ѓубриво. Поради ова, лиснатиот зеленчук може да биде контаминиран со салмонела или листерија во погоните за преработка на храна.

Покрај лиснатиот зеленчук, Consumer Reports наведува листа на намирници на кои луѓето треба да внимаваат, имено: сирење, суво месо, мелено говедско месо, кромид, мисирка, пилешко, папаја, праски, дињи и брашно.