ВНИМАВАЈТЕ – Овој лек кој редовно го користиме може да биде многу опасен по здравјето! Најмногу страда еден орган а еве што советуваат докторите
Парацетамолот доколку се конзумира во поголеми количини може да биде опасен по здравјето, а еве кој орган најмногу го погодува.
Ретко може да се најде куќа во Македонија во која нема барем некои лекови против болки, како што е парацетамол. Иако ја лечи мигрената, ги ублажува болките во мускулите и зглобовите, помага и при менструални болки и забоболки, но малкумина знаат дека може да има опасни последици по здравјето.
Како што пишува The Sun, Националниот здравствен центар на Велика Британија советува колку и да имате болка, никогаш да не земате поголеми дози на парацетамол, или други лекови од пропишаните.
Парацетамолот е всушност најупотребуваниот лек во светот, но сега научниците велат дека секогаш кога е можно луѓето треба да се одлучат за најниска ефективна доза на парацетамол за најкраток можен рок. Ги блокира рецепторите за болка во телото, поради што често се користи, но многу е важно да не се надминува дозата на овој лек.
Затоа, максималната доза што возрасните можат да ја земаат за 24 часа е осум таблети од 500 милиграми од лекот. Докторите велат дека секогаш треба да има најмалку четири часа помеѓу секоја доза од лекот, бидејќи вообичаената доза за возрасни е една или две таблети од 500 милиграми до четири пати во 24 часа.
Обидете се да не бидете во искушение да ја зголемите дозата или да земате двојна доза ако болката е премногу силна. Тоа го потврдуваат сите доктори бидејќи токму тие предупредуваат дека лекот парацетамол е најчестиот лек кој доведува до предозирање.
Кога ќе се појави предозирање, може да се појави откажување на црниот дроб иако земате навреме лекови за заштита на црниот дроб. Мала количина од токсичното соединение се формира во црниот дроб кога го пиеме лекот парацетамол. Во случај на предозирање, токсичното соединение се акумулира. Бидејќи црниот дроб е оштетен од токсините, симптомите што се развиваат вклучуваат болка во ребрата, пожолтување на кожата и белките на очите. Според истражувањата, се јавува забрзано дишење, конфузија, дезориентација и намалено мокрење.