ВНИМАНИЕ: Колку често треба да се менуваат одредени делови од автомобилот?

За да може вашето возило да биде функционално и безбедно, потребно е редовно одржување.

Покрај редовната сезонска замена на летните и зимските гуми, треба целосно да ги замените гумите во случај длабочината на шарата да се намали на 1,6 милиметри или најдоцна по шест години од датумот на производство (побарајте ја ознаката DOT на гумата што покажува годината на производство и неделата во таа година), според германскиот ZDF.

Додека маслото треба да се менува на една до две години, во зависност од моделот на автомобилот, ZDF препорачува менување на течноста за сопирачките на секои две години.

Свеќичките треба да се менуваат на секои 30.000 километри, а истото е и со филтерот за гориво кај дизел возилата. Во случај на бензински мотори, потребен е нов филтер за гориво на околу 50.000 километри.

Според ZDF, филтерот во кабината на вашиот автомобил исто така треба да се замени по приближно 20.000 километри или еднаш годишно.

Конечно, на секои пет години, односно од 60.000 до 100.000 поминати километри (во зависност од препораките на производителот), треба да се менува и тајмингот.