ВНУКАТА НА ЏО БАЈДЕН НАПАДНАТА СРЕДЕ ВАШИНГТОН – Тајните агенти на Белата куќа отвориле оган кон три лица кои побегнале

Агенти на тајната служба кои ja штитат внуката на претседателот на САД, Џо Бајден, отвориле оган откако три лица се обиделе да упаднат во возило без ознака на „Secret Service“ во Вашингтон.

Агентите задолжени да ја заштитат Наоми Бајден биле со неа во населбата Џорџтаун во неделата доцна навечер кога виделе три лица кои го кршат прозорецот на паркираниот автомобил, неозначен теренец, соопштиле официјалните претставници, пренесуваат американските медиуми.

По ова следело престрелка, но според информациите – нема повредени.

Наоми Бајден заедно со нејзиниот партнер

Тројцата осомничени побегнале со црвен автомобил, а по нив е распишана потерница.

Службеникот, кој не бил именуван од американските медиуми, не сакал да открие повеќе детали од истрагата.

Американските медиуми јавуваат дека Вашингтон годинава бележи зголемување на бројот на украдени автомобили.