Последните денови во Тетово водата за пиење повторно има необичен мирис и вкус, проблем кој се појавува од 2017 година речиси секоја есен во октомври или ноември, но надлежните се грижат водата да биде питка.
Според Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, непријатниот мирис и вкус доаѓа од падот на вегетацијата, главно од лисјата на дрвјата кои паѓаат во водите на реката во Лешница, каде што водата за новиот аквадукт е земенa.
„Нема опасност бидејќи мирисот и вкусот се субјективни категории, водата е безбедна, кој може – нека ја пие, кој не може – не ја пие. Досегашното искуство во 2017 година покажа дека за неколку дена ќе исчезне субјективниот мирис и вкус“, изјави д-р Ратко Давидовски.
Годинава интензитетот е зголемен бидејќи водоводот Тетово користи повеќе вода од површински или речни извори.
„Тоа е поинтензивно затоа што системот Лешница учествува со 50 проценти од целиот водовод во градот, треба да учествува со 30 проценти, другите количини треба да бидат од изворите на планината Шар, но таму сумата е значително намалена поради до силна суша ова лето“, вели Давидовски.
Во водоводот на Тетово има количина од 300 литри вода во секунда, односно 150 литри од двата вида извори