Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата ќе биде промоворан денеска во Скопје, во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во Скопје.
На прес-конференцијата што по тој повод ја најавува Меѓаши на темата „Поставување на заеднички принципи, вредности и заеднички пристап во развојот на превенцијата од појава на насилство во училиштата“ ќе говорат Драги Змијанац, претседател и основач на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Моника Илиоска – Кантарџиоска, раководителка на програми во Коалиција за младински организации – СЕГА и Софија Георгиевска – авторка на Водичот.