„Водостопанство“ бара пари од Владата на Македонија

Синдикалната организација на АД „Водостопанство“ бара од Владата да се префрлат средства за плати и трошоци за деривати, струја и резервни делови за подготовка и одржување на каналите за наводнување.

Во мирен протест вработените пред дирекцијата но и пред сите 14 подружници на ова претпријатие, претставниците на синдикатот соопштија дека не земале плата за месец март и информираа за проблемот со не -плаќање на услуги за вода од страна на општинските корисници кои им должат 240 милиони денари, што нивното раководство го толерира.

Предупредија дека е загрозено земјоделското производство и егзистенцијата на над 30.000 семејства кои се занимаваат со земјоделство.

„Во изминатиот период беа дозволени и вработени над 100 лица. Последниов период купија луксузно возило, џип, треба да покажат дали е за потребите на извршниот директор или раководството. Пари за се има, а за плати нема“, вели Коста Малзарков, претставник на Синдикатот на АД „Водостопанство“.