Воените репортери паѓаат на колена и плачат поради ужасните сцени од Газа: „На мртвите им е ускратено достоинството!“ (ВИДЕО)

На снимката на која и двајцата се скршија, открија дека меѓу повредените и загинатите има и нивни роднини, пријатели и соседи.

Арапскиот репортер на Би-Би-Си, Аднан Елбурш и неговиот снимател беа сведоци на ужасните сцени во болницата Ал Шифа во Газа. Тие донесоа шокантни снимки од болницата во која се сместени стотици жртви на израелските напади.

Во видеото на кое и двајцата се скршија, тие открија дека меѓу повредените и загинатите има и нивни роднини, пријатели и соседи.

„Меѓу загинатите и ранетите, мојот снимател Махмуд го виде својот пријател Малик. „Малик успеа да преживее, но неговото семејство не“, рече Елбурш.

„Ова е мојата локална болница. Внатре се моите пријатели, моите соседи. Ова е мојата заедница. Денес беше еден од најтешките денови во мојата кариера. Видов работи кои никогаш нема да можам да ги заборавам“, изјави воениот репортер кој не можеше да ги задржи солзите. Болницата е без простор поради преголемиот број жртви“, рече Елбурш, додавајќи дека „на загинатите им се ускратува достоинството, а повредените остануваат во болка“.

На видеото се гледа мало девојче облеано во крв како плаче.

“Домот на ова девојче е уништен. Нејзиното семејство е убиено и и треба помош. Мојата ќерка е на иста возраст. Сакам да ја гушнам”, рекол тој.

На шокантното видео се гледаат и жени како плачат покрај телата на членовите на нивните семејства.

„ Хоридорите на болницата се полни со трупови, нема повеќе место во мртовечницата. Телата треба да се положат на земја пред влезот во болницата. Ова се случува во мојот град. Се чувствувам беспомошно“. изјавил репортерот кој паднал на колена и почнал да плаче.

Според палестинското Министерство за здравство, досега во Газа се убиени повеќе од 1.500 луѓе, а повеќе од 6.000 се ранети.