“ВОЕН ХЕРОЈ, СЕНАТОР, ДРЖАВНИК“ – Џо Бајден му оддаде почит на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди

Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22. ноември 1963 година во Далас. Шеесет години подоцна, Џо Бајден, му оддаде почит во средата, велејќи дека тој е „воен херој, сенатор, државник“ кој ја одбележа американската историја.

Неговата смрт беше одредувачки момент, загуба и голема траума што ја потресе душата на нашата нација“, се вели во изјавата на Џо Бајден.

Поранешниот демократски претседател, избран во 1960 година, кога имаше 43 години, зацрта јасен курс за нашата нација за толку многу важни прашања од 20 век, од граѓански права до избирачки права до еднаквост на платите на жените“, напиша Џо Бајден.

ЏФК никогаш не престана да прави се што може за да ја изгради Америка во согласност со неговите најголеми идеали. Американската истражна комисија заклучи во 1964 година дека ЏФК бил убиен од Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој живеел во Советскиот Сојуз, и дека тоа го направил сам“, се вели во пораката на претседателот на САД.

Сепак, и денес постојат многу теории кои ги оспоруваат овие заклучоци.