Возачот на брзата помош кој цела ноќ ги превезувал повредените починал утрово

Возачот на брзата помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во Северна Македонија починал утрово,

Колегите и пријателите се во шок и неверување.

„После кобното дежурство кога работевме цела ноќ неуморно нештедејки се на терен, осамна уште покобен ден, нашиот другар, возач и пред се ЧОВЕК Ile Gocevski не напушти ова утро како дел од тимот на ИМП при ЈЗУ Општа Болница Кочани.

Иле секогаш ќе останеш со нас како дел од тимот кој немилосрдно помагаше на сите до последен момент, нештедејки се! Слава ти голем ЧОВЕКУ!, напиша Зоран Попов од кочанската болница.

Да потсетиме, страотниот пожар што избувна во неделата нешто пред три часот по полноќ зафати 1.500 луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија. Во пожарот се повредени 155 лица, додека најмалку 59 лица загинаа.

Очевидци укажуваат дека имало само еден излез од зградата на дискотеката и тоа прилично мал, додека пожарот брзо се проширил.