Возачот со „мерцедес“ што покоси пет луѓе донесен со лисици во судот во Загреб, откриено што рекол на распитот
Возачот на „Мерцедес“, 23-годишниот Јан Ерлих, кој предизвика тешка сообраќајка на паркингот на трговскиот центар Супернова во Бузин, со лисици на рацете е донесен во Општинскиот кривичен суд во Загреб.
Таму тој требаше да даде исказ за настанот во просториите на Општинското државно обвинителство, а потоа истражен судија да одлучува за евентуален истражен притвор.
Од она што засега е познато,, како што пренесуваат хрватските медиуми, Ерлих на испрашувањето рекол дека не е во состојба да даде исказ.
„Жал ми е. Се чувствувам лошо за сè и не сум подготвен да изнесам одбрана“, рекол тој.