Детали за сообраќајната несреќа во Скопје.
Несреќата се случила на крстосницата кај „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Њуделхиска“ Полицијата соопшти детали за сообраќајната несреќа, која се случи синоќа, половина час пред полноќ во Скопје.
„На 24.02.2025 година во 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ и ‘Њуделхиска’, патничко возило од марката ‘Волво’, со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор, а потоа и во пешакот Г.Ц. (52) од Скопје. По ударот, возачот го напуштил местото на несреќата,“ информираа од полицијата.
Повреден пешак и истрага на полицијата
По несреќата, пешакот бил пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, каде му биле констатирани телесни повреди.
„Увид на местото изврши екипа од СВР Скопје, а во тек е истрага за целосно расветлување на случајот,“ додадоа од Министерството за внатрешни работи.