Возел BMW, пушел томпуз, патувал за Дубаи: Убиениот Марио се фалел со луксузен живот на социјалните мрежи (ФОТО)
Марио Симовиќ, кој денеска беше убиен во Прељина кај Чачак, сакал луксузен живот, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи.
На Фејсбук профилот на убиениот бизнисмен од Чачак можете да видите фотографии од патување во Дубаи, како и фотографии со скапи автомобили. Возел БМВ и пушел кубански цигари.
Да потсетиме дека, според наодите од истрагата, кавгата меѓу двајцата Чачани настанала поради наводен претходен конфликт за земјиште.
Убиениот Симовиќ веќе и’ бил познат на полицијата, а пред повеќе од 10 години привремено му бил одземен целиот имот. Симовиќ беше осуден за два случаи на изнуда, четири случаи на проневера со заеми со месечна камата од 10 отсто, две измами и нелегална трговија, а тој и неговите родители беа обвинети за перење пари.
– Еден човек влезе во барот, поканет на разговор. Потоа извади пиштол и пукаше во него. Марио остана мртов на местото на настанот. Мотивот за убиството очигледно е претходен конфликт и нерасчистени меѓучовечки односи , изјави за РИНУ еден од очевидците кој бил на местото на настанот.