Вознемирувачка содржина / Ново видео од Косово: Снајперист застрела еден напаѓач при бегството од манастирот, другите се разбегале

На социјалните мрежи се шири досега необјавена снимка од нападот во Бањска на која може да се види повлекувањето на вооружените напаѓачи кон блиската шума.

Како што може да се види на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, четворицата напаѓачи се кријат зад помала зграда во манастирскиот терен.

Во еден момент ја напуштаат покривката и се обидуваат да стигнат до шумата, но потоа еден куршум го погодува еден од нив и тој паѓа на земја во близина на шумата.

Она што е интересно е што другарите на погодениот напаѓач во ниту еден момент не се обиделе да му помогнат, туку побегнале и го оставиле да лежи таму.

Потсетуваме, пред точно седум дена во селото Бањска во Косово имаше напад врз косовската полиција од група вооружени Срби.

Во нападот загина еден косовски полицаец, како и најмалку тројца напаѓачи. Повеќе од нив беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа од Косово. По бегството во Србија, тој вчера бил сослушан во Министерството за внатрешни работи на Србија.