Вознемирувачки сцени од Светското првенство: На млада спортистка ѝ излезе коската од ногата по страотниот пад од висина од над 4,5 метри (фото)

Светското првенство во атлетика во сала во Глазгов мораше на кратко да биде прекинато поради страшна повреда на спортист.

Французинката Марго Шеврие (24) помина низ пекол и агонија во главниот град на Шкотска.

Натпреварувајќи се во скок со стап, таа скокна во висина од 4,56 метри, но потоа незгодно падна покрај душекот при обидот да прескокне 4,65 метри.

Таа се здобила со отворена скршеница на скочниот зглоб, а од вознемирувачките фотографии од местото на настанот се гледа дека поминала низ исклучително тешки моменти.

Еден од тренерите, Грант Браун, открил дека коската на спортистката ѝ излегува од ногата, што може да се види и на некои фотографии.

На Шеврије веднаш и’ дадоа кислород, и беше преврзана ногата, а потоа беше префрлена во болница.

– Суров исход за Марго Шеврие во финалето на скок со стап – се наведува во соопштението на Француската атлетска федерација.

Таа доби аплауз од трибините додека ја носеа на носилки од стадионот.