Вознемирувачки фотографии! Буба Корели ја влече за коса и ја малтретира својата девојката – грозоморни сцени!
„Pink.rs“ дојде до видео на кое се гледа како босанскиот рапер Буба Корели физички и психички ја малтретира својата долгогодишна партнерка на улица.
Буба прво ја фатил девојката за коса и ја вчечел, а потоа ја фатил за врат. Таа постојанп бегаше и се обидуваше да се одбрани, за да не ја удри раперот.
Исплашената девојка потоа почнала да бега од него, а тој цело време ја следел.
Во еден момент и паднала јакната од страв, поради што застанала да ја земе, а тој и’ се приближил и повторно и ја стегнал во вратот.
Како што пренесува гореспоменатиот портал, полицијата наводно во неколку наврати реагирала во нивниот стан поради пријави за бучава, расправии и викање.
Потсетуваме, на јавноста и’ е познато дека нему, како и на неговиот другар Јала Брат, поради непромислено и арогантно однесување, им е забранет влез во Република Србија.
Да потсетиме, нивното обезбедување ги нападна посетителите на истиот настап. Исто така, пред само две години Буба јавно ги понижуваше своите партнери, а меѓу другото и јавно „завојува“ со пејачката Сара Јо.
Во 2019 година, Кантоналниот суд во Сараево го прогласи Буба Корели за виновен за неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги. За ова дело тој е осуден на една година затвор.