ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ – Еден од киднаперите на убиената Вања Ѓорчевска со мачета во рацете и фантомка на главата споделувал објави на социјалните мрежи
Еден од уапсените членови на криминалната група која ја киднапираше и монструозно уби Вања Ѓорчевска (14 г.) на социјалните мрежи редовно објавувал грозоморни фотографии со оружје.
Имено, тој на социјалната мрежа Фејсбук објавил фотографии на кои позира со мачета во раката, додека на лицето има фантомка.
На фотографиите тој често е облечен во маица со старото знаме на Македонија, кое е еден вид „симбол“ на десницата во државата.
Меѓу неговите пријатели на социјалната мрежа Фејсбук е Љупчо Палевски – Палчо, кој е означен како организатор на киднапирањето, но и убиец кој со пиштол ја уби Вања Ѓорчевска. Тие двајца имаат многу заеднички фотографии, а целиот негов профил можете да го погледнете ОВДЕ.
Телата на исчезнатите Вања Ѓорчевска (14 г.) и Панче Жежовски (74 г.) беа пронајдени во неделата, а се претпоставува дека биле убиени од истата криминална група.
Оливер Спасовски на прес-конференција утрово ги изнесе деталите за убиството на девојчето.
По бруталното убиство, Вања Ѓорчевска, била закопана и во околината на Скопје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според него, МВР ги приведе сторителите на две убиства.
„Во врска со двата случаи осомничени се пет лица, три лица се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката е приведено, распитот е извршен. Ќе бидат преземени мерки по наредба на Обвинителството. Мотивот е личен интерес, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да изнуди пари од мајката, за во иднина сите инволвирани да имаат материјална корист“, откри Оливер Спасовски.