ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО! ГРОМ УБИ МЛАДА МАЈКА НА ПЛАЖА: Од ударот паднала на земја, ја реанимирале 45 минути, но немало начин да ја спасат! (ВИДЕО)

Надзорните снимки кои кружат на Х (поранешен Твитер) го покажуваат падот

Драматичната сцена се случила на плажа во Картагена, Колумбија.

Како што објави „Дејли мејл“, мајка од Венецуела Фроиланис Ривас (34) во вторникот била погодена од гром .

Надзорните снимки кои кружат на Х (поранешен Твитер) го покажуваат падот. Жената веднаш паднала на земја.

Уште еден плажар паднал, но успеал да стане и да побегне.

Неколкумина помошници притрчале на местото на несреќата, но не се осмелиле да и пријдат на жената од страв од струен удар .

Болничарите ја однеле несреќната жена во болница и се обидувале да ја оживеат повеќе од 45 минути, но не успеале.

Таа била прогласена за мртва како последица на срцев удар.