ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО! Еве како киднаперите се обидоа да киднапираат познат фудбалер на улица! (ВИДЕО)
Фудбалскиот репрезентативец на Русија, Андреј Мостовој, беше цел на киднапери во ноќта помеѓу четврток и петок.
Со чиста среќа, фудбалерот на Зенит од Санкт Петербург го избегна најлошото, бидејќи хокеарот Александар Гракун му притрча на помош.
Четворица мажи скокнале од автомобил паркиран на улицата Вјазоваја и се обиделе да го турнат фудбалерот во него.
Со помош на хокеар, фудбалерот успеал да се одбрани и да избега.
Руската полиција брзо ги идентификуваше киднаперите, а се покажа дека станува збор за студенти на Поморската академија Степан М., Самир П., Рустам Х. и Владислав Ј. Сите четворица се родени во 2005-2006 година.
Андреј Мостовој е во Зенит од 2019 година. Тој одигра 190 натпревари за овој клуб и постигна 39 гола, вклучувајќи четири гола оваа сезона.
Со Зенит освои четири титули во рускиот шампионат, еднаш го освои Купот на Русија и пет пати Суперкупот на Русија.
Тој одигра 20 натпревари за руската репрезентација и постигна три гола.
Според извештаите на руските медиуми, тој заработува 1,3 милиони долари годишно.