(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Најголемиот глодар на светот нападна девојка во вода гризејќи ѝ ја главата

Застрашувачки момент се случил на езеро во Сиенага,  Колумбија кога една жена била нападната од капибара додека пливала.  Кога го видела глодарот, почнала да излегува од водата, наназад, но паднала, а капибарата се нафрлила врз неа. Тој скокаше на нејзиниот грб и се обидуваше да ја гризне. Ја влечеше за коса и неколку пати ја потопи во вода. За среќа, сè се случи во плиткото.

Се слуша крикот на нападнатата девојка и крикот на барем уште една жена на брегот.

Кога таа се одбранила и успеала да излезе од водата, се појавил „храбар“ маж со стап во раката.

Капибара или водена свиња (лат. Hydrochoerus hydrochaeris) е јужноамерикански глодар од семејството на морските свињи (Caviidae). Капибарата населува савани и густи шуми и живее во близина на водни тела. Тој е многу социјален вид и може да се најде во групи до 100 единки, но обично живее во групи од 10-20 единки.

Овој вид е тревојаден и се храни главно со трева, водни растенија, овошје и кора од дрвја. Капибарата е пребирливо животно  и се храни со лисјата на едно растение и покрај многуте други видови растенија со кои е опкружена. Во сезоната на дождови се храни со трева, а кога има суши се храни и со трска.