Вознемирувачко видео од апсењето на девојчето (12) кое до смрт го избоде својот брат: Жал ми е мамо, не сакав, демоните ме натераа

Расплакано 12-годишно девојче хистерично и’ кажа на полицијата дека е опседнато од демони откако до смрт го избоде својот деветгодишен брат во нивниот дом во Оклахома.

На снимката од камерата која била на телото на полицаецот се слуша како плаче девојка и вели дека и’ е жал.

Многу ми е жал! Многу ми е жал мамо! Не сакав да се случи вакво нешто. Ова е некој демонски проблем! Не знам што ми се случи – вика девојката чиј идентитет не се соопштува.

Девојката им признала на полицајците дека го избодела момчето повеќе пати додека тој спиел во семејниот дом во Тулса.

Убиството се случило пред полноќ во јануари. На видеото се гледа и како мајката избезумено го следи девојчето и вреска по неа додека моли за прошка.

Брат ти има убодни рани во градниот кош. Моли се на Бога да е жив – се слуша мајката.

12-годишната девојка веднаш ѝ кажала на полицијата дека ножот со кој го убила својот брат го фрлила низ прозорецот од собата. Се слуша и како се нуди да ги однесе полицајците до местото каде што паднал ножот.

Девојчето по настанот се обидела да си ги пресече вените со што си нанела повреди на рацете.

Момчето било однесено на итна операција, но по нешто повеќе од два часа им подлегнало на раните добиени од убодите.

Мајката изјавила дека девојчето земало лекови.

– Никогаш немала проблеми во однесувањето додека не прекина да ги консумира лековите што ги користеше повеќе од една година – рекла мајката.

Таа додаде дека никогаш немала причина да верува дека нејзината ќерка е опасна.

– Нејзиниот брат никогаш нема да и’ прости – рекла мајката додека разговарала со полицајците.

По апсењето, уапсената девојка ги прашала полицајците дали мора да носи лисици. Додека седела во полициското возило, таа постојано повторувала дека си го уништила животот и дека остатокот од животот ќе го помине во затвор.

– Си го уништив животот. Ја уништив целата своја иднина. Сè е моја вина. Само сакам да се разбудам од кошмарот – рекла девојката.

Полициските снимки не откриваат потенцијален мотив за трагичното братоубиство.

Окружниот обвинител на округот Тулса не можеше да објави никакви информации за случајот, вклучително и обвиненијата поднесени против девојката поради нејзината возраст.