Вознемирувачко видео од децата заглавени во жичара: Објавени драматичните моменти направени со дрон (ВИДЕО)
Поминаа четири дена од драматичниот настан во кој животот на група деца висеше буквално на конец.
Имено, во Пакистан беа организирани акции за спасување на осум деца и двајца возрасни кои останаа заробени во жичара која виси на речиси 400 метри над планинскиот регион на северозапад од земјата.
Децата оделе на училиште во провинцијата Хајбер Пахтунхва кога една од жичарниците се расипала и се скинале неколку сајли.
Шестте деца заробени во кабината биле на возраст од 10 до 16 години. Едно момче се онесвести од топлина и страв.
Оваа жичарница поврзува две населени места во регионот и се движи преку две сајли.
Спасувачката операција траеше повеќе од дваесет часа, а во неа учествуваа воени и цивилни хеликоптери.
На крајот сите беа успешно спасени, а штотуку беше објавено видео снимено од дрон кој ги снима драматичните моменти во самата жичарница.