Вознемирувачко! Видео од киднапирањето во Париз: Безнадежно вреска, киднаперите ја влечат по улица, маж ја брани! (видео)
На видеото се гледаат маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси.
Може да се чуе како жена вреска, драматичната сцена трае неколку десетици секунди, додека киднаперите конечно се откажуваат, се враќаат во комбето и бегаат.
На улицата има и други минувачи, кои на почетокот се двоумат да помогнат и покрај вресоците на жената, но на крајот неколку од нив решаваат да интервенираат.
Да потсетиме, жена, наводно ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути, беше спасена во вторник наутро кога напаѓачи се обидоа да ја киднапираат.
Според полициски извор, жената била со своето дете (2) кога се случил обидот за киднапирање.
Засега не е познато како детето (2) успеало да избега од киднаперите кои се обидувале насилно да ја внесат мајката во комбето.
За среќа, тие не успеаја благодарение на храбрата интервенција на таткото на детето, пишува „Ле Паризиен“.
Мажот ѝ помогнал на жената и добил неколку удари од киднаперот.
Шокантната сцена се одвиваше пред очите на многу минувачи, кои се плашеа да интервенираат и покрај вресоците на жртвата.
Напаѓачите, од кои едниот очигледно го изгубил пиштолот, за кој не било јасно дали е вистински или лажен, на крајот брзо избегале, враќајќи се во комбето.
Возилото е пронајдено на улица во истата општина.
Според информациите од „Ле Паризиен“, жената е ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути.