Вознемирувачко видео од местото каде што загина Диого Жота: Погледнете што останало од автомобилот

Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26).

Тие биле на одмор во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот, а потоа се запалил.

Шпанските медиуми пристигнаа на местото на несреќата, каде што затекнаа вознемирувачка сцена.

Автомобилот во кој биле Жота и неговиот брат бил целосно уништен до непрепознатливост.

Очигледно, тој удрил во насипот со голема брзина, а делови од уништената ограда може да се видат на неколку метри по патот.

Автомобилот беше уништен до непрепознатливост и јасно е дека шансите за преживување во таква несреќа беа никакви.

Медицинската служба и пожарникарите брзо пристигнаа на местото на несреќата, но можеа да констатираат само смрт на двајца фудбалери.

Диого Жота ја остави зад себе сопругата Рута Кардозо, која му беше љубов уште од тинејџерските денови, со која имаше три деца. Дополнителна трагедија е што се венчаа само пред 11 дена .