(вознемирувачко видео) Русија изврши страшен напад врз Украина! Загинаа и ранети се голем број луѓе: Нападнат е градот Суми, погодена катна зграда!

Во напад со беспилотни летала што 
Русија ги започна врз неколку градови во 
Украина, четири лица загинаа во станбена зона на Суми, град на истокот на земјата, соопштија украинските власти.

– Четири лица загинаа по рускиот напад во градот Суми – соопшти украинското МВР, повикувајќи се на спасувачките служби на терен. Нападот го извршиле беспилотни летала Шахед од иранско производство.

Според информациите на социјалните мрежи, ранети се уште девет лица, меѓу кои и едно дете.

Според украински воени извори, во текот на ноќта биле соборени 37 руски беспилотни летала, а едно лице е рането во околината на Киев.