ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО! СТРАШНА СЦЕНА ВО ВАШИНГТОН: Американски војник се самозапали пред израелската амбасада извикувајќи „Слобода за Палестина“

Тајната служба го истражува случајот

Американски војник се самозапалил пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест поради војната во Појасот Газа , а како што пренесува Тајм повикувајќи се на неофицијални извори, им подлегнал на повредите. 

Тајм додава дека станува збор за Арон Бушнел (25) и веста за неговата смрт ја пренесува повикувајќи се на независната новинарка Талија Џејн, која на социјалните мрежи објавила дека е во контакт со семејството и пријателите на Бушнел.

– Нема повеќе да бидам соучесник во геноцидот – рекол војникот пред да се самозапали.

Тој се полил со течноста и се запалил, извикувајќи „Слобода за Палестина“ .

Тој бил пренесен во блиската болница со повреди опасни по живот. Воздухопловните сили на САД потврдија дека станува збор за војник на активна должност на американската армија, пишува Тајмс оф Израел.

Локалната полиција и Тајната служба го истражуваат инцидентот. На видео кое кружи на интернет, може да се види како полицаец држи пиштол додека војникот гори, а друг офицер го гаси пожарот со апарат за гаснење пожар.

Во инцидентот нема повредени од персоналот на амбасадата, изјави портпаролката на амбасадата за The New York Times.

Во соопштението, израелското Министерство за надворешни работи наведува дека човекот не им е познат на персоналот на амбасадата.

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео од моментот кога војникот се самозапали, кое можете да го погледнете .