ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Ова е видеото од страшната повреда на фудбалерот на Бордо, по која тој заврши во индуцирана кома

Напаѓачот на Бордо, Алберт Елис се повреди во првата минута од натпреварот против Генгам, а по падот беше изнесен на носилки и ставен во медицински индицирана кома.

Веќе во првата минута од играта репрезентативецот на Хондурас се судри со дефанзивецот на противничката екипа, Донатиен Гомис. Според извештаите од L’Equipe и France Bleu, 28-годишниот играч бил свесен на теренот, но бил ставен во индуцирана кома пред да биде однесен во болницата Пелегрин.

По натпреварот, кој неговиот тим го доби со 1:0, тренерот на Бордо, Алберт Риера изјави дека не може да даде никакви информации за состојбата на Елис.

– Разговаравме со докторот и не можеме ништо да кажеме. Тој е во болница и ништо не можеме да кажеме. Победата е за него.

Потоа се појави видео на кое фудбалерот е повреден: