Вознемирувачко! Русија ги казнува геј мажите! Полицијата упадна во клубот, немаа милост! Момче во долна облека лежеше на подот (фото/видео)
Русија казнила најмалку седум мажи затоа што изгледале „премногу геј“ по полициската рација во ноќен клуб во Тула, покажа анализата на судските записи на независниот руски медиум „Верстка“, како што објави Телеграф. Во акцијата се приведени најмалку осум лица.
Полицијата ги обвини приведените за „обид да предизвикаат интерес за нетрадиционални сексуални односи“, што е кривично дело во Русија веќе една деценија, иако законот вообичаено се применува на луѓе кои објавуваат про-ЛГБТ материјали, а не на оние кои носат „несоодветни“ облека.
Случајот доаѓа додека Кремљ ги засилува напорите за промовирање на „традиционалните вредности“, вклучително и заострување на анти-ЛГБТ законодавството и забрана за „пропаганда што промовира бездетност“.
Руската полиција, исто така, изврши рација во неколку барови и ноќни клубови во Москва според законите кои ја криминализираат „ЛГБТ пропагандата“.
Според рускиот портал „Верстки“, полицијата ги фотографирала и снимила описите на приведените во Тула, чија облека сметала дека промовира „нетрадиционални сексуални односи“.
Еден маж имал „црни крстови залепени на брадавиците“ и „женски корсет“ на неговото „големо“ тело. Друг имал „розови чорапи, откопчано кимоно преку рамениците, коса обоена во светло портокалова и црвени тетоважи на лицето“.
„И покрај тоа што беше маж, носел краток горен дел што му ги покриваше градите, црни кожени шорцеви над коленото со неколку украси со синџири и мрежести чорапи”, се вели во описот.
Судиите се согласиле дека облекувањето на тие лица претставува промоција на „нетрадиционален“ сексуален начин на живот, пренесува Верстка.
„Изгледот на приведените не е во согласност со имиџот на маж со традиционална сексуална ориентација“, наводно рекле судиите.
Еден маж, келнер, избегна казна, наведувајќи како аргумент дека е гот и дека неговите пирсинг на веѓите, „тиркизната коса“ и „црната маица влечена до градите“ се дел од тој стил.
Двајцата приведени се казнети со парична казна од 50.000 рубли (422 евра), додава Верстка и забележува дека не се објавени сите судски одлуки.
Уапсените беа казнети според Законот кој колоквијално се нарекува „анти-геј закон“ во Русија, кој е во сила од 2013 година.
Законот првично забрануваше ширење на „ЛГБТ пропаганда“ меѓу малолетниците, но амандманот од 2022 година ја прошири забраната на промоција на „нетрадиционални животни стилови“ за сите возрасни групи.
Според Верстка, во текот на 2024 година во судовите биле процесуирани најмалку 131 случај на „ЛГБТ пропаганда“, а најмалку 71 граѓанин биле казнети со парична казна од 50.000 (422 евра) до 200.000 рубли (1.688 евра).
Законот се однесува на различни случаи, од објавување на ЛГБТ знамиња на социјалните мрежи до јавно признавање на сексуални активности со малолетници.
Во август, Владимир Путин потпиша декрет со кој им олеснува на странците кои ги делат руските „традиционални вредности“ да аплицираат за дозвола за престој.