(ВОЗНЕМИРУВАЧКО!) Се урна ноќен клуб, 13 лица погинаа: Хаос на настапот на позната пејачка, полицијата на лице место! (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени при уривање на покривот на дискотека во главниот град на Доминиканската Република, соопштија денеска локалните власти.

Сè уште не е познато како се урнал покривот на овој познат клуб 
Џет сет.

Спасувачите сè уште трагаат по потенцијални преживеани во урнатините на дискотеката Џет Сет, изјави директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендес.

„Претпоставуваме дека многу од нив сè уште се живи и затоа властите овде нема да се откажат додека не ги извадиме сите“, рече тој.

Меѓу повредените е и пејачката Руби Перез , која настапувала кога се урнал покривот.

Меренге е вид на музика и танц од Доминиканската Република, кој стана популарен низ Латинска Америка.