Володимир Зеленски: “Алтернативниот црноморски коридор за извоз на жито продолжува да функционира“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека алтернативниот коридор за извоз на жито преку Црното Море ќе продолжи да функционира и покрај сите закани.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Володимир Зеленски, тој телефонски разговарал со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак за функционирањето на таа рута и обезбедувањето на бродот.

Компанијата „Барва инвест консалтанси“ со седиште во Киев и британската безбедносна компанија „Амбреј“ вчера соопштија дека Украина ја прекинала употребата на својот извозен коридор на Црното Море поради можна закана од руски воени авиони и морски мини.