Володимир Зеленски го ‘запали’ светот со изјава за најважната територија: “Подготвени сме да преговараме за решение за Крим!“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека би било можно да се преговара за решение за Крим, полуостровот кој Русија го анектираше во 2014 година, наместо да се употреби сила.
„Кога сме на административните граници на Крим, мислам дека ќе биде можно политички да ја принудиме Русија да се демилитаризира на територијата на полуостровот“, вели Володимир Зеленски во вчерашното интервју, кое утрово го пренесоа неколку украински медиуми.
Украина се бори против сеопфатна инвазија на Русија и постојано ја повторува својата намера да го врати Крим, како и сите територии окупирани од почетокот на војната во февруари 2022 година. Украинските војници на југот на земјата постепено напредуваат кон брегот на Црното Море, во обид да се прекине руската рута за снабдување.
Володимир Зеленски вели дека политичкото решение за Крим би било подобро бидејќи тоа би значело помалку жртви. Украинскиот претседател нагласи дека не сака војната да се префрли на руска територија. Тој истакна дека целта е да се ослободи територијата на Украина и оти напредувањето на руска територија би ризикувало да ја изгуби клучната поддршка од Запад.
Руските пропагандисти и поддржувачи на војната постојано предупредуваат дека ако Русија биде поразена во војната, таа може да биде поделена и окупирана од странски сили. Украина нема преземено никакви големи офанзиви на руска територија со цел трајно да ги окупира тие области.