Володимир Зеленски: “Добив барање од мојата Армија… па за тоа ни требаат 12 милијарди евра!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вторникот објави дека Армијата побарала мобилизација на уште меѓу 450 и 500 илјади луѓе, но дека конечниот одлуката се уште не е донесена.

Претседателот на Украина на прес-конференција во Киев одржана по повод крајот на годината истакна дека Армијата и Владата ќе разговараат за ова многу чувствително прашање за мобилизација и дека потоа ќе биде испратено на разгледување во парламентот.

Мобилизирањето на таков опсег ќе бара и дополнително финансирање“, додаде тој.

Тие предложија мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе. Ова е многу сериозна бројка“, вели Володимир Зеленски.

Одговорив дека ќе ми требаат дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Затоа што, пред се, се работи за луѓе, второ, за правичност, одбранбени капацитети и финансии“, децидно вели Володимир Зеленски.

Володимир Зеленски нагласи дека за ваква мобилизација ќе бидат потребни речиси 12 милијарди евра.

Поранешниот министер за одбрана на УкраинаОлексеј Резников, минатото лето кажа дека околу милион луѓе се активни во украинскиот безбедносен и одбранбен сектор.

Володимир Зеленски вели и дека Украина ќе добие „повеќе“ нови американски против-воздушни системи Patriot, кои се вредни за одбрана од Русија.

Нема да зборувам за бројки, но повеќе системи Patriot ќе бидат испратени во Украина за да ја бранат нашата земја во текот на зимата“, објасни тој.

Тој оцени и дека никој не може со сигурност да каже кога ќе заврши војната со Русија, по речиси две години од рускиот напад.

Мислам дека никој не го знае одговорот“, нагласува тој.

Тој кажа и дека не може да се одржат парламентарни избори додека трае војната.

Володимир Зеленски постојано повторуваше дека одржувањето на избори може да го поткопа единството и дека Русија може да го искористи тоа.