Нема врска што e еден од најдобрите! Саудијците немаат милост за простатилукот на Роналдо: Го казнија Португалецот за срамниот гест

Португалскиот фудбалер и играч на Ал Наср, Кристијано Роналдо е суспендиран на еден натпревар поради непримерен гест кон навивачите на Ал Шабаб.

Откако Ал Наср го победи Ал Шабаб со 3-2 во неделата, се појавија снимки на кои се гледа како Роналдо се свртува кон домашните навивачи и прави недолични гестови додека од трибините се слушаат скандирања „Меси, Меси“.

Дисциплинската и етичкиот комитет на фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија, исто така, го казни Роналдо со 20.000 саудиски риали (5.333 долари).

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед нема право на жалба на оваа казна.

Роналдо ќе го пропушти следниот натпревар од саудиската лига против Ал Хазим.