Володимир Зеленски за првпат зборуваше за повлекување на украинската Армија – што се случува !?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, призна дека украинската Армија ќе мора да се повлече доколку западните сојузници престанат да испраќаат помош за Киев, пишува Bloomberg.

Сега сум фокусиран на тоа да добијам помош од Запад. Нивниот фокус се менува поради ситуацијата на Блискиот Исток и други причини. Без нивна поддршка ќе се повлечеме“, рекол Володимир Зеленски на средба со претставниците на странските медиуми.

Како што истакнал, по влошувањето на ситуацијата на Блискиот Исток, Украина почнала да добива помалку гранати од 155 mm.

Bloomberg пишува и дека украинскиот претседател оваа недела ги убедувал западните сојузници дека неговата Армија ќе може да се подготви за борби оваа зима.

Западните медиуми се почесто пишуваат дека САД и ЕУ почнале да се заморуваат од украинскиот конфликт и дека поддршката за Володимир Зеленски и Украина се намалува.

Според NBC News, американските и европските претставници веќе разговараат со Киев за можните последици од мировните преговори со Русија, вклучително и дискусии за тоа што Украина би морала да направи за да постигне мир.