ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЏО БАЈДЕН ЗА ПОДДРШКАТА – Украина очекува голем пакет помош од САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес му се заблагодари на претседателот на САД, Џоз Бајден, за силниот сигнал за поддршка во вечерашниот говор на Џо Бајден до нацијата.

Непосредно пред говорот, телефонски разговаравме за значајниот пакет поддршка од САД за Украина“, вели Володимир Зеленски.

Џо Бајден во својот говор побара од Американците да поддржат понатамошна воена помош и за Украина и за Израел и кажа дека денес ќе испрати итно буџетско барање за финансирање до Конгресот – американскиот парламент, пишува британскиот весникот The Guardian.

Џо Бајден

Тоа е паметна инвестиција во американската безбедност која ќе исплати дивиденди за генерации“, вели Џо Бајден синоќа во говор од претседателската Овална соба на Белата куќа, што е само втора таква откако е на чело на земјата.

Да потсетиме дека Џо Бајден испратил кон Конгресот барање за речиси 106 милијарди долари на име помош за проектите за безбедност на Украина, Израел и САД на границата, објави Белата куќа.