Володимир Зеленски пристигна во Букурешт: “Романија е пријател кој ни помогна во најтешките денови“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес соопшти дека пристигнал во Букурешт, каде што ќе разговара со неговиот романски колега Клаус Јоханис, со цел зајакнување на добрососедските односи.

Украина е благодарна за поддршката на Романија, која ја зајакнува нашата земја. Ние сме благодарни и за конструктивната солидарност, која им овозможува на нашите нации да бидат гарант за безбедноста во светот, особено во областа на снабдувањето со храна. Ние веќе изградивме и проширена соработка која одржува стабилност за многу земји“, напиша Володимир Зеленски во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Володимир Зеленски, исто така, истакна дека ќе се разговара за понатамошна безбедносна соработка, развој на воздухопловството и други коалиции, кои ќе ја зајакнат украинската воздушна одбрана, безбедноста на црноморската архитектура, како и односите со партнерите.

„Романија е пријател кој ни помогна во најтешките денови и чија поддршка со текот на времето расте. Сигурен сум дека оваа посета ќе биде од корист за двата народа“, заклучува Володимир Зеленски.