Володимир Зеленски со остра закана до Владимир Путин: “Ако продолжите да го блокирате Црното Море, ќе ви снема бродови!“

Русија ќе остане без бродови доколку продолжи да го блокира поморскиот коридор на Црното Море по повлекувањето од договорот за храна“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

По блокирањето на коридорот за храна… Украина мора да бара заобиколување за извоз на производи. Ако Русија продолжи да доминира на Црното Море, пукајќи проектили… Украина ќе се брани… Русија мора да го разбере тоа… ако продолжи во истиот дух, нема да и остане ниту еден брод до крајот на конфликтот“, вели Володимир Зеленски во интервју за еден аргентински медиум.

Договорот за храна, кој беше потпишан на 22. јули 2022 година од претставници на Обединетите Нации, Турција, Русија и Украина, вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа. 

Договорот за храна беше раскинат на 18. јули од страна на Русија. Претседателот на Русија, Владимир Путин претходно истакна дека условите од договорот со Русија не се почитувани, и покрај напорите на ОН, бидејќи западните земји немаат намера да ги исполнат своите ветувања.

Владимир Путин постојано истакнуваше дека Запад извезувал најголем дел од украинското жито во нивните земји, а главната цел на договорот – испорака до сиромашните земји, вклучително и африканските, никогаш не била реализирана.