Зеленски напомена дека веќе имал неколку разговори со новоизбраниот американски претседател и дека, според него, Трамп е „силен и непредвидлив“ и дека се надева дека оваа негова непредвидливост ќе се покаже во однос на Русија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, може да одигра одлучувачка улога во исходот на војната со Русија.
– Трамп може да биде одлучувачки во оваа војна. Мислам дека ова е најважно за нас. Тој, неговите квалитети – односно, тој е способен да биде одлучувачки во оваа војна. Тој е во состојба да го запре Путин – или подобро кажано, да ни помогне да го запреме Путин. Тој може да го направи тоа – рече Зеленски во интервју за украинската телевизија, пренесе Униан.
Зеленски напомена дека веќе имал неколку разговори со новоизбраниот американски претседател и дека, според него, Трамп е „силен и непредвидлив“ и дека се надева дека оваа негова непредвидливост ќе се покаже во однос на Русија.
Зеленски изјави и дека Трамп му рекол дека ќе биде еден од првите што ќе го посети во Вашингтон по инаугурацијата, која е закажана за 19 јануари.