ВОЛЦИТЕ ОД ЧЕРНОБИЛ РАЗВИЛЕ ПОСЕБНА МОЌ! Научниците анализираат примероци крв од мутанти: “Ова е шок без преседан!“

Волците мутанти кои талкаат по пустошите на Чернобил „создадоа“ нова суперсила која може да има спасувачки импликации за луѓето.

Тим на истражувачи открил дека животните во зоната на исклучување на Чернобил (CEZ) имаат генетски изменети имунолошки системи кои покажуваат отпорност на рак. Наодите им дадоа надеж на истражувачите дека резултатите може да се искористат за да се најдат лекови за луѓето со рак.

По експлозијата на централата во 1986 година, луѓето беа евакуирани од Чернобил и околните области за да се избегнат екстремни нивоа на радијација. Отсуството на луѓе им овозможи на дивите животни непречено да владеат во средина во која е забележана шест пати поголема количина на зрачење на кое луѓето можат да бидат изложени.

Мечки и бизони талкаат меѓу дрвјата, рисот и лисицата се провлекуваат низ долгата трева, а свињите, срните, елените, ракуните и повеќе од 200 видови птици ја нарекуваат областа Чернобил – дом.

Во 2014 година, Кара Лав, еволутивен биолог од Универзитетот „Принстон“, тргна со тим од истражувачи да разбере како животните успеале да преживеат радијација што предизвикува рак. Кара Лав и нејзиниот тим земале примероци од крв од волците и ставиле GPS уреди со дозиметри на зрачење за да ги измерат нивните локации и нивоата на изложеност на радијација во реално време.

Добиваме мерења во реално време за тоа каде се и колку се изложени на радијација“, вели Кара Лав.

Истражувачите ги испитувале генетските разлики помеѓу ДНК на мутираните волци во радиус од 1.600 квадратни километри од забранетата зона и оние надвор од неа. Резултатите покажале дека и покрај тоа што примале потенцијално смртоносни дневни дози на зрачење, волците изгледале неверојатно отпорни на неговите ефекти. Анализата покажала дека нивните гени, кои се поврзани со ракот, имаат нови мутации, што сугерира дека тие еволуирале за да се заштитат од радијација.

Откритието би можело да го отвори патот за експертите да идентификуваат мутации кај луѓето кои го намалуваат ризикот од рак. Новото истражување беше претставено минатиот месец на годишниот состанок на Друштвото за интегративна и компаративна биологија во Сиетл.

Кара Лав вели дека поради пандемијата и војната во Украина, не можеле да продолжат со истражувањето, но се надеваат дека мутираните волци ќе помогнат долгорочно да се откријат начини за излекување на ракот кај пациентите.

Да потсетиме дека нуклеарната централа во Украина се запали и експлодираше на 26. април 1986 година, испуштајќи радијација што предизвикува рак и остатоци во воздухот, што го означи најлошиот нуклеарен инцидент во историјата. Експлозијата се случи за време на рутинска проверка за одржување кога операторите ги исклучиле виталните контролни системи за тестирање на електричните системи.

Во експлозијата загинаа 30 работници, додека во следните месеци беа пријавени уште 50 смртни случаи поради труење со радијација. По експлозијата, повеќе од 150.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.

Масовното иселување од регионот резултираше во пуста пустелија која 50 години подоцна е сè уште премногу отровна за опстанок на луѓето. Со години, истражувачите ја посетуваат црвената зона за да разберат како животните успеале да напредуваат. Дивите животни и кучињата за кои се верува дека се потомци на домашни миленици оставени кога жителите побегнале од Чернобил, ја реколонизирале областа и развиле различни мутации во последните 50 години.

Истражувачите откриле дека мутираните жаби, кои вообичаено имаат зелена пигментација, биле темни или црни, а ретките диви коњи наречени Пржевалски се удвоиле во популацијата откако во 2002 година биле внесени во областа по 36 година за да се зголеми биолошката разновидност.

Утврдено е дека и дивите кучиња имаат мутирани гени во споредба со кучињата кои живеат надвор од црвената зона, но научниците треба да направат повеќе истражувања за да ги разберат главните генеалошки разлики.