ВОЛЦИ ЈА ПРЕПЛИВАЛЕ РЕКАТА ДРИНА: Мештаните во страв, глутница се приближува до селото во потрага по храна, 70 години ги немало во тој крај (ВИДЕО)
Локален жител снимил глутница волци како талкаат во потрага по храна во близина на Зелени Јадр во Босна и Херцеговина!
Сцената е снимена на брегот на река на дваесетина километри од Сребреница.
Според N1, волците биле истребени на тој простор бидејќи направиле голема штета. Последните волци наводно биле застрелани во 1952 година и оттогаш не се видени.
- Еве уште два – се слуша како вознемирениот маж снима.
Се претпоставува дека глутницата наишла на Дрина од резерватот Тара и дека со текот на времето се намножила во областа.
Сега стануваат опасност и за луѓето со оглед на тоа што поради недостиг на храна се спуштаат кон населени места , а предизвикуваат и големи штети на локалното население кое чува добиток.