Вонредна состојба во Вороњеж: Украина удри во голем магацин со оружје, страшна глетка, тежок удар за руските трупи (ВИДЕО)
Украински беспилотни летала наводно разнеле голем магацин за муниција во јужниот руски регион Вороњеж!
Беспилотните летала предизвикаа неколку експлозии во неделата, проследени со големи облаци чад. Гувернерот на регионот, Александар Гушев, напиша на Телеграм дека предметите што содржеле експлозивен материјал биле активирани откако украинските беспилотни летала биле соборени во близина на градот Подгоренски.
Украинскиот портал ,,Украинска правда”, пак, наведува дека е погоден магацин од 9.000 квадратни метри, каде што биле складирани ракети, тенковски гранати, артилериска муниција…
Очевидци пријавија експлозии и чад над Подгоренски додека локалните власти прогласија вонредна состојба. Гушев изјави дека во болница се пренесени две постари жени.
Регионот Воронеж, клучна рута за снабдување на руската војска, постојано беше цел на вооружените сили на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година.