Иako е вообичаено, будењето во текот на ноќта може да биде поврзано со зголемен ризик од висок крвен притисок, познат како хипертензија, предупредуваат експертите. Оваа состојба, во која крвта врши поголем притисок врз артериите од нормалното, може долгорочно да ги оштети органите и крвните садови и да го зголеми ризикот од срцеви и мозочни удари.
Една неодамнешна студија покажа дека мажите кои почесто се будат во текот на ноќта имаат повисок крвен притисок. Истата поврзаност не беше пронајдена кај жените, но беше забележано дека жените кои поминуваат помалку време во длабок сон имаат повисок крвен притисок.
„Спиењето е клучно за општото здравје“, истакна научникот и истражувач др. Маришка Браун за Дејли Експрес.
Кристен Кнутсон, една од авторите на студијата, додаде: „Знаеме дека спиењето е многу важно за здравјето на срцето. Се обидуваме да дознаеме повеќе за врската помеѓу спиењето и кардиоваскуларните болести и разликите меѓу половите што ги гледаме“.
Авторите ги истакнуваат ограничувањата на студијата, како што е еднократното мерење на податоците и ја нагласуваат потребата од понатамошни истражувања.
„Оваа студија ја нагласува важноста од разбирање на специфичните карактеристики на спиењето за подобри стратегии за управување со хипертензијата“, забележува д-р. Браун.
Според препораките на Националната здравствена служба (NHS), возрасните треба да спијат помеѓу седум и девет часа секоја вечер.