– Во конфликтот што избувна по нападот во кој загинаа двајца цивили во Јапонија, загинаа и двајца полицајци, додека осомничениот за нападот е приведен.
Двајца цивили се убиени синоќа во напад со нож во северниот град Накано, соопшти канцеларијата на префектурата на Накано.
Кога безбедносните сили биле информирани дека е извршен напад со нож врз цивили, на местото на нападот биле пратени полицајци, при што еден цивил бил убиен.
Полицијата соопшти дека „напаѓачот што носел огнено оружје и нож побегнал“. Од населението во регионот било побарано да остане во своите домови.
За „зона за евакуација“ е прогласена површина од 300 квадратни метри околу местото на злосторството.
Се известува дека напаѓачот во маскирна облека, со очила за сонце, маска и капа се скрил во зградата.
Уште еден цивил, кој бил ранет од напаѓачот додека бегал, го загуби животот, а во пресметката со напаѓачот во текот на ноќта животот го загубиле двајца полицајци.
Лицето осомничено за организирање на нападите е идентификувано како 31-годишниот Аоки Масанори, најстариот син на портпаролот на локалниот совет на Накано, Аоки Масамичи.
Со полициската потрага е утврдено дека куќата во која се засолнил осомничениот е куќата на неговиот татко Аоки.
Потврдено е дека осомничениот е приведен утрово во 04:30 часот по локално време.