Восочното лице на Бред Пит е резултат на неговата претприемничка идеја: Погледнете на што му го должи својот „младешки“ изглед
Во козметиката користеле маслиново масло од Миравал, а тој се надева дека во иднина ќе користи повеќе состојки од неговиот имот.
Холивудскиот актер Бред Пит повторно се најде на насловните страници на сите светски таблоиди откако се појави целосно „тониран“ на Вимблдон. Пит неодамна ја лансираше својата козметичка линија Le Domaine, која секако влијаеше на неговиот младешки изглед.
Производите се резултат на долгогодишната соработка помеѓу Бред Пит, Марк Перин, енологот Пјер-Луис Теседре и Николас Леви, научници со завидни резултати поврзани со проблемите со брзото стареење.
Имаат четири производи; серум, крем, флуиден крем и емулзија за чистење, од кои сите се производи со 100% природен состав.
Инаку, славниот актер минатата година за Story откри сè за оваа линија на козметика.
„Како што можеби веќе знаете, јас сум голем љубител на архитектурата и дизајнот. Работевме со локален дизајнер за да го создадеме овој уникатен затворач за тегли и шишиња. Изработен е од мајстори во Франција и секое парче е уникатно. Резултатот е минималистички и сензуален“, рече тој и додаде дека никогаш не бил негов план да биде заштитно лице на линијата бидејќи Le Domaine не бил замислен како бренд на славни личности.
„Тоа е козметичка линија против стареење за секој маж и жена. Ми се допаѓа идејата да нема точна дефиниција за кој пол е наменета. Во процесот на создавање со семејството Перин, се согласивме дека не сакаме лице кое ќе го претставува“, објасни тој. Во козметиката користеле маслиново масло од Миравал, а тој се надева дека во иднина ќе користи повеќе состојки од имотот.
„Имам страст за дрвјата и дизајнирав арборетум со голем број потенцијално интересни медитерански растенија“, рече Бред.