ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ВЛЕГУВА ВО НОВА ОПАСНА ФАЗА !? Врховниот командант на украинската Армија тврди: “Ова ќе биде од голема корист за Русија…“
Највисокиот воен командант на Украина, генерал Валериј Залужни, во средата изјави дека војната со Русија влегува во нова фаза на статични и исцрпувачки борби, за кои тој предупреди дека може да биде од корист за Москва и да и овозможи да ја обнови својата воена моќ.
Во напис за Economist, Валериј Залужни вели дека на украинската Армија и се потребни клучни нови воени капацитети и технологија, од кои најважно е воздушното воено засилување, за да излезе од новата фаза на војната, која влезе во 21-ви месец.
Интервјуто што го даде за угледно списание беше објавено по речиси пет месеци од големата украинска контраофанзива, со која украинската Армија не успеа да направи значителен пробив кон силно минираните руски одбранбени линии или да го постигне очекуваното забавување во моментот кога сме пред прагот на зимата.
Со оглед на тоа што руските трупи се во офанзива во делови од источниот дел на земјата, Киев стравува дека Москва планира да започне кампања со воздушни напади за да ја оневозможи електричната мрежа, оставајќи милиони жители во мрак и без топлина среде зима.
Валериј Залужни вели дека верува оти Украина мора поефикасно да ја уништи руската артилерија и да смисли подобра технологија за пробивање на руските линии за минска одбрана. Тој додава дека залихите на оружје на Западот се покажале недоволни со оглед на долгите руски мински полиња. Во некои области тие се протегаат до 20 километри.
Тој остро ја опиша опасноста од фаза на исцрпувачки борби:
„Ова ќе биде од корист за Русија. Тоа ќе и овозможи да ја обнови својата воена моќ, што на крајот ќе ги загрози украинските вооружени сили и самата држава“, предупредува Валериј Залужни.
Тој вели дека приоритет за Украина е зајакнување на резервните сили, иако Украинците имаат ограничен капацитет да ги обучуваат во земјата.
„Се обидуваме да ги решиме овие проблеми. Воведуваме единствена евиденција на регрути и треба да ја прошириме категоријата на граѓани кои ќе можеме да ги поканиме на обука или мобилизација“, заклучува Валериј Залужни.