ВОЈНАТА ДОАЃА НА ТЕРИТОРИЈА НА БАЛКАНОТ !? Володимир Зеленски сподели важна одлука: “Има информации кои Русија не сака да ги слушне“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес најави дека во Романија ќе биде формиран центар за обука на украински пилоти за моќните авиони F-16.

Ова го изјави претседателот на Украина во Букурешт, на заедничката прес-конференција со претседателот на Романија, Клаус Јоханис, пренесуваат странските медиуми.

Има исклучително важна одлука за обука на пилоти за авионите F-16 во Романија, каде што се гради центар за таа намена“, изјави Володимир Зеленски.

Тој додаде дека разговарал со Клаус Јоханис како сето тоа да се забрза.

И се договоривме украинските пилоти да бидат вклучени во првиот бран обука“, нагласи претседателот на Украина.

Володимир Зеленски го информираше својот романски колега и за ситуацијата на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина.

Благодарен сум за сите пакети за поддршка што ги обезбеди Романија, како и за она што го разговаравме денеска, а ќе има добри вести во однос на артилериската и противвоздушната одбрана“, изјави тој.

Тој нагласи дека не може да ги каже сите детали, бидејќи можеби има информации кои Руската Федерација навистина не сака да ги слушне.

Клаус Јоханис, кажа, рече дека Романија се фокусира на помагање на Киев за да може Украина да победи во војната, а како сосед и партнер треба и е должна да размислува за долгорочни односи со Киев.