„Војната“ продолжува, но не и е грижа: Се појави во секси издание по 2 месеци криење

Ова е прво јавно појавување на Блејк Лајвли по 2 месеци, а сето тоа поради „војната“ што ја води против актерот и режисер Џастин Балдони.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс синоќа присуствуваа на годишнината на американското шоу „Saturday Night Live“ (SNL) во Њујорк.

СНЛ ја прослави својата 50-годишнина и по тој повод организираше специјална епизода .

Актерскиот пар 
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс присуствуваа на шоуто, но во малку поинаква улога. Тие беа гледачи на програмата, поточно беа дел од публиката.

Како што пренесуваат странските медиуми, ова е 
прво појавување на Блејк Лајвли во јавноста по 2 месеци, а сето тоа се должи на 
„војната“ што ја води против актерот и режисер Џастин Балдони .

За своето „прво појавување“, Блејк избра сребрен макси фустан украсен со цветни детали. Својот стајлинг го комплетираше со брановидна фризура и едноставна шминка во земјени тонови.

Војната продолжува, но не и е грижа: По 2 месеци криење се појави во секси облека ВИДЕО

Што се однесува до Рајан , тој не е склон да експериментира, па затоа избра добро испробана облека за оваа пригода. Тој се одлучи за класичен темен костум со машна .

Двојката блескаше широки насмевки во текот на целата 
фотосесија на црвениот тепих . Изгледаа како среќно семејство, целосно незасегнато од актуелните судски процеси.