ВОЈНАТА СЕ ВОДИ ПРЕД ВРАТА НА УНГАРИЈА! Орбан: Ниту еден граѓанин на Брисел не загинал во Украина, загинале Унгарци!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, во својот редовен говор за состојбата на унгарската нација во изминатата година, одржан во чаршијата Варкерт во Будимпешта, изјави дека ниту еден граѓанин на Брисел не го дал животот во војната во Украина, но тоа не е случај со Унгарците.
Орбан истакна дека војната се води на прагот на Унгарија, пренесува унгарската агенција МТИ.
Премиерот на Унгарија ги критикуваше Киев, Брисел и Вашингтон за нивниот однос кон унгарското национално малцинство во западна Украина.
Според него, додека „многу Унгарци во Украина умираат со херојска смрт на фронтот“, се отстрануваат унгарските национални симболи во Мукачево и Мункач, а се менуваат и директорите на унгарските училишта.
Како што војната во Украина станува се побрутална, тонот кон Унгарија ќе станува се поостар, додаде Орбан.
Тој изјави дека Унгарија мора да биде подготвена на уште посилни „провокации, навреди, закани и уцени“.
– Дипломатскиот притисок повеќе не го признава суверенитетот – рече Орбан.
Зборувајќи за американскиот претседател Џо Бајден, Орбан рече дека Бајден за амбасадор во Унгарија го назначил Дејвид Пресман, кој според него е „човек за притисок“.
Целта на назначувањето на тој амбасадор е по секоја цена да се натераат Унгарците да влезат во воениот логор, заклучил Орбан.