Војна меѓу Трамп и Трудо! Американскиот претседател ѝ се заканува на Канада: Ќе биде уште полошо отколку што е!

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалните мрежи откако канадскиот премиер Џастин Трудо го потврди воведувањето на контратарифи против САД.

„Ве молиме објаснете му на канадскиот гувернер Трудо дека кога ќе воведе контратарифи на САД, нашите тарифи веднаш ќе се зголемат за истиот износ!, изјави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп постојано го нарекува Трудо како „гувернер“, што е во согласност со неговите напори да ја направи Канада 51-та држава на САД.

Патем, на полноќ по Вашингтон, стапија на сила долгонајавуваните царини од 25 отсто на Трамп против Канада и Мексико, заедно со новите царини од 10 отсто против Кина. Трудо одржа конференција во текот на денот на која потврди дека канадските контратарифи стапиле на сила паралелно со американските царини.

„Канада ќе воведе царини од 25 отсто за стоки од САД во вредност од 155 милијарди долари, почнувајќи со царини за стоки во вредност од 30 милијарди долари веднаш, и царини за преостанатите 125 милијарди долари за стоки за 21 ден“, рече Трудо.